Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Претставен од кинескиот гигант Baidu, а се води под името DeepWay Xingtu. Покрај атрактивниот дизајн кој обезбедува одлична аеродинамика и коефициент на отпорност на воздухот од само 0,35, овој шлепер на електрична енергија на кој не му треба возач, ја нуди најнапредната комерцијално достапна технологија денес.
Има 49 тони при целосно оптоварување, а и тогаш има домет од сосема задоволителни 300 километри. Заслугата оди на огромните батерии со капацитет од 450 kWh, за кои полнењето е доволно само за еден час. Доколку ви се брза, исто така може лесно да се заменат батериите со полни, а замената трае само 6 минути.
И тоа не е сè, затоа што Baidu сака Xingtu да биде автономно возило, прво со функционален систем за автономна контрола на Ниво 4. Системот за следење на автопатот носи дури 11 камери, инфрацрвен сензор, пет радари и еден LiDAR.
Во секој случај, се работи за технолошки напреден камион кој естетски се издвојува во однос на моменталната понуда. Има изразено заоблен дизајн, скриени задни тркала и минимизирана висина, што му дава изглед многу сличен на модерните возови. Не е ни чудо ако се земе предвид дека дизајнот е потпишан од Пининфарина.
А камионот е подеднакво импресивен и во кабината, каде дигиталниот кокпит ја покрива целата предна површина. Во рачките на вратите и A-држачите се поставени дополнителни екрани, а над шофершајбната е поставен посебен екран. Задното седиште е обликувано како автомобилско седиште.
DeepWay сè уште не го потврдиле сериското производство, но го потврдиле понатамошниот развој во областа, како и промоција на системот за автономно возење од четврти степен.