Кинески авион со 132 лица се сруши во планините во јужниот дел од Кина – леталото имало вертикален пад (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Патнички Боинг 737 на кинеската авио компанија Чајна Истерн Ерлајнс (China Eastern) зануркал вертикално пред да удри во ридот и да се запали во близина на градот Вужоу во округот Тенг во јужната провинција Гуангкси. На социјалните мрежи се појави шокантна снимка од CCTV на која наводно се гледа како авионот вертикално ита кон земјата во моментите пред ударот.

Спасувачите излегле на местото на настанот, но засега нема потврда за бројот на загинати и повредени во страшната несреќа.

Во меѓувреме се шират снимки и фотографии од местото на несреќата и остатоците од авионот.

Кинеската управа за цивилно воздухопловство (CAAC) објави дека авионот изгубил контакт со контролата на летот над градот Вужоу.

Во него имало 123 патници и девет членови на екипажот. Авионската несреќа предизвика шумски пожар.