Кинеската „Река во облаците“ – како Кина планира создава дожд за Тибетското плато


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кина е во фаза на изградба на базата на она што ќе претставува најголем експеримент за создавање на вештачки дожд во историјата, во обид да се индуцираат дополнителни врнежи врз Тибетското плато.

Во проектот ќе бидат вклучени десетици илјади комори за согорување гориво инсталирани низ Тибетските планини кои ќе имаат цел да ги зголемат врнежите во регионот до 10 милијарди кубни метри годишно.

Планот е екстензија на проектот наречен Tianhe или „Река во облаците“ развиен во 2016 кој треба да создаде дополнителни врнежи дожд врз масивната област која се протега на површина од 1.6 милиони квадратни километри.

Иако звучи како научна фантастика, оваа форма на модифицирање на времето наречена „сеење на облаци“ е нешто кое што научниците се обидуваат да го изведат со децении.

Во Тибетскиот проект, коморите за согорување ќе создаваат сребрени јодид честички кои со ветерот ќе бидат однесени во атмосферата, каде се очекува да создадат влажни облаци способни за создавање дожд и снег.

Досега се инсталирани повеќе од 500 согорувачи, а податоците собрани од нив покажуваат позитивни резултати.

Не е познато кога проектот треба да е комплетиран, но со оглед на неговата контроверзност (бидејќи постои ризик облаците да се создадат врз друг регион, а не таму каде што се наменети) најверојатно често ќе се добиваат нови информации.