Кинеската полиција користи наочари со технологија за препознавање на лице


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кинеската полиција започнала да користи специјални наочари кои имаат технологија за препознавање на лица.

Наочарите се дел од опремата за надзор. Се работи за наочари за сонце кои содржат напредна технологија. Моментално се во фаза на тестирање на железничките станици во градот Женгжоу, каде полицијата ги користи за скенирање на патниците.

Полицијата соопштила дека со помош на наочарите открила 7 осомничени за извршување на тешки кривични дела, по што се уапсени. Исто така, открила 26 личности кои патувале со лажни идентитети.

Кина веќе долго време вложува во напредна технологија за пратење со помош на вештачка интелигенција.

Се проценува дека оваа земја до 2020 година ќе има 600 милиони сигурносни камери.