Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кина планира да воведе нови царини на американскиот увоз во вредност од 2,4 милијарди долари во рамки на спорот околу субвенциите воведени пред Светската трговска организација.
Во спорот, кој започна во 2012 година, Кина се пожали до Светската трговска организација за царините кои Вашингтон ги воведе за да ги олесни ефектите од наводните кинески субвенции за претпријатијата во државна сопственост.
Арбитрите на Светската трговска организација утврдија дека американските царини не се согласно меѓународните трговски прописи и Вашингтон ги прилагоди.
Кина потоа изрази незадоволство од прилагодените американски царини и Светската трговска организација потврди дека Вашингтон не ги применил адекватно нивните претходни пресуди. Според прописите на Светската трговска организација, Пекинг сега може да одговори со воведување царина на американскиот увоз.
На почетокот од следната недела, Светската трговска организација ќе го разгледа кинескиот предлог за воведување царина на увоз на американската стока во вредност од 2,4 милијарди долари. Конечната одлука за вкупната вредност на американската стока, на која Пекинг може да воведе царина, ќе ја донесат арбитри на Светската трговска организација.