Кина ги прекина трговските преговори со САД


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кина ги откажа планираните трговски преговори со САД после новата рунда увозни царини меѓу двете земји и нема да го прати вицепремиерот Лиу Хе во Вашингтон, објави „Вол Стрит Џурнал“.

Кинеска државна делегација требаше да отпатува во Вашингтин во пресрет на посетата на Лиу, но ваквата посета сега е откажана. Кина минатата недела додаде американски производи во вредност од 60 милијарди долари на листата на стока која подлежи на увозни тарифи.

Ваквата мерка е одговор на царините кои американските власти ги воведоа за кинеската стока во вредност од 200 милијарди долари и кои стапија на сила денес, понеделник, 24 септември.

Трговската војна меѓу Кина и САД почна откако на 6 јули оваа година на сила стапија взаемните царани меѓу двете држави.

САД воведоа царина од 25 насто на увозот за 818 видови на стока од Кина со вкупен капацитет на испорака од 34 милијарди долари годишно. Како контра-мерка, Кина наметна царина од 25 насто на увозот на еднаков обем на американска стока.