Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вториот самит меѓу претседателите на Северна Кореа и САД, Ким Јонг Ун и Доналд Трамп, следните два дена ќе се одржи во Виетнам.
Главна тема во разговорите ќе биде нуклеарната програма на Северна Кореја. Двајцата лидери минатата година во Сингапур се договорија да работат на целосна денуклеаризација на корејскиот полуостров.
Ким веќе пристигна во Ханој. Тој на 23 февруари тргна од Пјонгјанг со воз во придружба на високи владини претставници и неговата сестра.
Ким во Донг Данг пристигна со воз, а потоа до Ханој патуваше со автомобил.
Патиштата од границата со Кина до Ханој, во должина од околу 170 километри, беа затворени, а припадници на војската и на полицијата се менуваа околу хотелот „Мелиа“, каде е сместен Ким.
Трамп синоќа полета од Вашингтон и треба да слета на меѓународниот аеродром Нои Баи.