Ким призна: „Сопругот ми даде милион долари за да одбијам ВАКВА милионска понуда“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На конференцијата New York Times DealBook Ким Кардашијан проговори за личната бизнис ситуација во која одлучила да ја одбие соработката со еден бренд само поради нејзиниот сопруг Канје Вест.

„Стануваше збор за еден моден бренд, поточно неколку бренда, и тие секогаш ги копираа Yeezy, бојата, дизајнот…Главниот муабет беше што тој еден бренд ми понуди еден милион долари за една објава на мојот Инстаграм профил. Си помислив – ОК, ова ќе биде лесно. Требаше да одберам облека, било кој модел што ќе ми се допадне, тоа требаше да биде навистина лесна објава и заработка“, раскажа Ким.

Но, кога за понудата му кажала на Канје Вест, тој ја замолил да не го прави тоа. „Ме замоли да ги одбијам, од почит. Ми рече дека смета оти не треба да соработувам со нив, бидејќи копираат сè што е негов бренд“, објасни Ким.

„Целосно имав разбирање за него и без двоумење ја одбив понудата. А тогаш, за Денот на мајката, Канје ми подари коверт со чек од еден милион долари. Фала што не објави за друг бренд, ми пиша порака покрај чекот“, откри Ким.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

„Освен тоа, не знам дали смеам да го кажам ова, ми понуди да стана ко-сопственичка на Yeezy. Има моќ во тоа кога некогаш ќе кажете не“, заклучи Ким, која на конференцијата на која го раскажа овој момент, гостуваше во друштво на Канје и нејзината мајка Крис Џенер.