Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На гостувањето кај Џејмс Корден, Ким Кардашијан, меѓу другото, зборуваше и за својот љубовен живот, бидејќи неодамна раскина со Пит Дејвидсон.
На прашањето како наоѓа дечковци и дали користи апликации за запознавање или каде ги наоѓа потенцијалните кандидати за врска, Ким рече дека сега одвоила време за себе и направила пауза од врските. Нејзината цел е да дипломира на правен факултет. Таа открива и кои се нејзините нови критериуми за дечко.
„Размислувам да тргнам по друг пат, овој очигледно не функционира. Можеби во болница да запознаам лекар или во адвокатска канцеларија правник. Научник, невронаучник, биохемичар, доктор, адвокат… Тоа може да е нешто што го замислувам во иднина“, објасни Ким.
Водителот се пошегува дека гледачите потоа ќе читаат наслови во медиумите за тоа дека Ким е видена во НАСА.
Да потсетиме, Ким беше во брак со раперот и дизајнер Канје Вест, со кој има четири деца, а по разводот извесен период се забавуваше со комичарот Пит Дејвидсон, но ниту тоа не траеше.