Ким со оваа фотка ги шокираше фановите: „Исти сте, дали трите одите кај ист пластичен хирург?“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Старлетата Ким Кардашијан голем број жени од цел свет ја имаат за свој пример, па со секакви методи се обидуваат што повеќе да личат на неа. А изгледа така размислуваат и нејзините пријателки.

Ким Кардашијан на Инстаграм објави селфи со две нејзини пријателки, а фановите веднаш ја забележаа интересната сличност меѓу нив.

Натали Халкро и Оливија Пирсон, двете другарки на Ким, не само што имаат исти црти како нивната другарка (природно или со помош на хирург), туку го копираат и нејзиниот стил на шминкање (би било премногу да се рече дека таа ги копира нив, нели).

Обожавателите од Ким веднаш се фрлија на коментари за оваа очигледна сличност.

„Исти сте“, „Прво помислив дека гледам тројно“, „Изгледате како сестри“, „Дали сите три одите кај ист пластичен хирург?“, беа само дел од коментарите.

A post shared by Olivia Pierson (@oliviapierson) on

И двете пријателки од Ким се славни фаци, иако ни приближно како неа. Натали е модел и риалити ѕвезда, а Оливија е нејзина колешка од реалното шоу WAGS.