Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Американската риалити ѕвезда Ким Кардашијан ја краси насловната страна на септемвриското издание на списанието Harper’s Bazaar, за која модна инспирација и стил најде во пејачката Шер.
Во серијата фотографии кои ги направи Маријано Виванко, се најде и фотографијата на која Ким, облечена во црна блуза пикната во фармерките, си игра со долго златно ланче. Исто така облечена, Шер ја фотографираше Норман Сиф во 1976 година, за насловна фотографија на нејзиниот албум I’d Rather Believe In You.
„Шер секогаш имала најинтересен стил, опседната сум со неа. Секогаш се потсетувам дека носела проѕирни фудтани во седумдесеттите години и се прашувам што ли луѓето тогаш мислеле за неа“, вели Ким.
Најпозната риалити ѕвезда својата љубов кон Шер ја изрази и во април оваа година, на премиерата на филмот The Promise, кој разработува тематика за ерменскиот геноцид во 1900-те години.