Ким Јонг-ун за 35. роденден си се почести со ненајавена посета на Кина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На својот 35. роденден, првиот човек на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, оствари ненајавена посета на Кина. каде беше придружуван од неговата сопруга Ри Сол-ју.

И двете земји утрово потврдија дека препознатливиот зелено-жолт воз на Ким пристигнал во Пекинг. Посетата е на покана од претседателот Кси Џинпинг, а ќе трае три дена.

Ова е четврта средба на двајцата лидери. Ким ниту еднаш не се сретна со кинескиот претседател во првите шест години од своето владеење, но лани се сретнаа дури трипати. Се верува дека оваа посета е вовед во нов самит на северојкорејскиот лидер со американскиот претседател Доналд Трамп.