Ким Јонг-ун со воз пристигна во Русија – пречекан со леб и сол (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун со воз ја премина границата и пристигна во Русија, каде утре со рускиот претседател Владими Путин ќе ја остварат нивната историска средба во рускиот град Владивосток.

Видео од церемонијата за пречек на станицата Каш, која се наоѓа на границата, е објавено на официјалната страница на регионалната влада на областа Приморје. На него се гледа како лидерот на Северна Кореја добива цвеќе и пробува од лебот кој му го нудат девојчиња облечени во руска народна носија.

Руската агенција Интерфакс јавува дека во делегацијата која го пречека Ким биле заменикот министер за надворешни работи Игор Моргулов, рускиот амбасадор во Северна Кореја Александр Матсегора, министерот за развој на рускиот далечен исток Александр Козлов и гувернерот на регионот Приморје Олег Коземјако.

Прес службата на тој регион го цитира Ким дека рекол оти одамна сакал да ја посети Русија.