Ким Јонг-ун и Родриго Дуерте го кренаа на нозе Хонг Конг


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Одличните реални имитации на севернокорејскиот и филипинскиот претседател, Ким Јонг-ун и Родриго Дуерте, предизвикаа вистински метеж на улиците од Хонг Конг.

Сите минувачи сакаа да се фотографираат со нив, без разлика дали поверуваа или не дека станува збор за двојници, кои беа одлично маскирани како реалните политички лидери, кои важат за диктатори во своите земји.

Двајцата се шетаат по улиците, јадеа пилешко и делеа автограми, додека неколку часа се фотографираа со бројните љубопитни минувачи.

Двојниците на Дутерте и на Ким се претставија на своите објави на социјалните мрежи како Кресенчио Екстрим (Дутерте) и Хауард Икс (Ким).