Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Двојник на лидерот на Северна Кореја чекореше низ улиците на Сеул, Јужна Кореја. Луѓето застануваа и гледаа во човекот кој личи на оној кој апсолутно не би требало да се наоѓа во овој град.
Но, се разбира, тоа не е лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, кој живее во Пјонгјанг. Тоа е неговиот двојник, Драгон Ким.
Вистинското име е Минјонг Ким и го глуми врховниот лидер на Северна Кореја. Се облекува во син костум кој личи на униформа на Работничката партија на Кореја. Исто така ја мести фризурата како лидерот во Пјонгјанг, а се труди да прави идентични изрази на лицето.
Драгон Ким е роден и пораснал во Јужна Кореја. Дипломирал бизнис на Универзитетот во Илиноис и говори повеќе јазици, англиски, корејски, јапонски и кинески. Во моментов води агенција што им помага на учениците во Јужна Кореја во школите и странство. Ким изјави дека служел во јужнокорејската војска кога неговите соборци му рекле дека изгледа слично како Ким Јонг Ун.
Во 2014 година, додека работел на Институтот за англиски јазик, нарачал костим идентичен како на Ким Џонг Ун. Атмосферата дополнително ја „загреал“ во едно од најпосетените туристички места, областа Хонгџа во Сеул.
Фејсбук и Твитер беа преплавени со слики од Ким. А дополнително се стекнал и со називот „Хонгџа Ким Џонг Ун“.
Од тогаш се појавувал многупати како двојник на Ким Џонг Ун. Снимил реклама за прочистување на воздухот и имал неколку гостувања во некои емисии.
Во април се појавил како посебен гостин во познати емисии и ги повикал луѓето кои живеат во Јужна Кореја да зборуваат за својот живот на север и како се прилагодуваат на новиот начин на живот на југ. Кога Драгон Ким излегол на сцена и ја забавувал публиката со некои танчерски потези, мимики и говор на Ким Јонг Ун.
Драгон Ким исто така го посетил и Њујорк во октомври и работел на краток видеоспот. Тој се шетал низ Њујорк облечен како Ким Џонг Ун. Минувачите го сликале и го нарекувале „рекетар“ (назив кој му го дал американскиот претседател Доналд Трамп).
Видеото брои повеќе од 10 милиони прегледи: