Ким без исав со фотките: „Каква мајка си ти, таа ти е ќерка!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога Ким Кардашијан ќе распали со некоја провокативна и контроверзна фотографија на социјалните мрежи, тоа секогаш е проследено со лавина од коментари, подеднаков и позитивни и негативни, во зависност од кадарот.

Иако нема ништо чудно во тоа што таа и овој пат, по кој знае кој пат, е топлес, она што револтираше многумина е фактот што фотографијата ја прави нејзината најстара ќерка, Норт.

„Ова е лудо…Каква мајка си ти? Ова е смешно! Таа е твое дете!!!“ и „Не можам да ја замислам својата ќерка да ме фотографира вака. Ова е навистина невкусно!“ се само дел од коментарите кои и беа упатени на реалити ѕвездата поради начинот на кој ги инволвира своите деца во недолични нешта.