Километарски колони на руските граници – голем број граѓани наводно бегаат од земјата по најавената мобилизација (снимка)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


По мобилизација на резервисти и други граѓани за воените потреби на бојните полиња во Украина која ја нареди Владимир Путин, голем број Руси наводно ја напуштаат Русија, но некои земји не сакаат да ги примат.

Откако Владимир Путин најави делумна мобилизација, Русите почнаа масовно да ја напуштаат земјата, авионските билети се распродадени, а цените на летовите во еден правец достигнаа неколку илјади евра. Русите се обидуваат да ја напуштат земјата и со автомобили.

Бескрајна колона автомобили е формирана на руско-грузискиот граничен премин Верхниј Ларс. Границите на Грузија се уште се отворени, но, според извештаите на медиумите, на некои мажи на воена возраст им е забранет влезот во земјата.

Во исто време, бројот на Руси кои се обидуваат да влезат во Финска расте од час во час. Тоа е единствената граница која сè уште е отворена за руските цивили со шенген визи, кои се обидуваат да ја напуштат земјата откако Путин објави дека ќе испрати 300.000 нови војници во Украина.

Инаку, балтичките членки на Европската унија, Летонија, Литванија и Естонија, кои граничат со Русија, веќе најавија дека нема да понудат засолниште на ниту една руска мобилизација во бегство во Русија.