Килијан Мбапе е првиот играч на ПСЖ кој постигнал 5 гола на еден натпревар


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Килијан Мбапе е во топ форма на натпреварите во дресот на ПСЖ, а по натпреварот против ѕвездите на Ал Наср и Ал Хилал одигра натпревар за паметење во купот против нисколигашот Де Касел.

ПСЖ успеа да слави победа од 0:7, а дури пет од овие седум гола беа дело на Мбапе. Три гола Мбапе постигна во првото полувреме, а во вториот дел додаде уште два.

По еден гол додадоа уште Нејмар и Солер. Со ова Мбапе стана првиот играч на ПСЖ кој на еден натпревар постигнал пет гола.

Во следната фаза каде што се најдорите 32 екипи ПСЖ ќе игра против Олимпик Марсеј.