Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Актерот Кирил Поп Христов дефинитивно еквадорските плажи ги замени со „даските што живот значат“ откако повторно се врати во неговата матична театарска куќа – Македонски Народен Театар. Тој веќе неколку месеци е вработен во МНТ, каде пред неколку години му беше прекинат ангажманот.
Неговата сопруга, Гордана Деан Поп Христова, која што е танцов кореограф и ќерката Јоана останале во Еквадор. Постарата ќерка на Гордана, актерката Нина Деан, исто така е во Скопје и работи во МНТ.
„Кили не се враќа во Еквадор, бидејќи се вработи во Македонскиот народен театар. Јоана и јас сме тука, за месец дена ја очекуваме приновата и секако дека ќе останам да помогнам околу бебето“, изјавила за ,Фокус кореографката и професорка по современ танц, која е во исчекување на своето прво внуче.