Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Властите на Киев денеска го отстрануваат бронзениот споменик висок осум метри, кој прикажува два советски работници. Споменикот беше подигнат во 80-тите години од минатиот век и го симболизираше пријателството помеѓу рускиот и украинскиот народ.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека „потезите на Русија го уништиле таквиот однос“, додавајќи дека за „споменикот од советска ера повеќе нема место во градот“.
Тој најави дека споменикот на работниците ќе биде заменет со споменик на Украина.
Два месеца по руската инвазија врз Украина, властите на Киев донесоа одлука за отстранување на споменикот.