Киднапирање како на филм со шокантен пресврт снимено на камера (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На улиците во центарот на Москва, тројца киднапери, го киднапираа рускиот бизнисмен Вјачаслав Васјуков, извлекувајќи го од неговиот автомобил Porsche и внесувајќи го во нивната Лада.

По киднапирањето, киднаперите барале откупнина во висина од 20 милиони рубљи (отприлика 300.000 евра). Но, Васјуков очигледно го искористил неговото искуство од бизнис преговорите, па уште во самата нивна Лада, лично се договорил со киднаперите да им исплати еден милион рубљи и да им даде два автомобили.

Е сега, оваа киднаперска драма не завршува тука, туку има уште поневеројатен пресврт. Кога киднаперите пристигнале пред домот на Васјуков, за тој да ги земе парите и да им ги предаде нив, Вјачеслав некако успеа да им побегне на киднаперите и да се пикне во неговата домашна гаража. Таму имало еден Mercedes во негова сопственост, со кој тој се засилил и се забил во Ладата од киднаперите.

Дополнително, Васјуков во тој автомобил имал и оружје, па отворил оган кон киднаперите. Гужвата го привлекла вниманието на случајните минувачи кои веднаш ја повикале полицијата, која успеала да уапси еден од тројцата киднапери кој се им признал.