Кидман искрено и отворено: „Го допрев дното, мислев дека нема да преживеам“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Познатата актерка Никол Кидман за време на едно интервју во Мелбурн, откри бројни детали од својот приватен живот. Актерката која е во 49-та година од својот живот сподели како се почувствувала кога и кажале дека никогаш нема да може да роди деца.

Но, сепак, кога тоа се случило, на нејзината среќа и немало крај. Успеа да забремени на 40 години, а ќерката Сандеј Роуз е токму плод на нејзината љубов со Кит Урбан.

Никол откри дека Кит ја убедувал дека бременоста е лошо по нејзиното здравје, но таа била уверена дека сака да се породи. По Сандеј Роуз, на свет дошла и Феит која ја добиле со помош на сурогат мајка.

Најголемата трагедија во нејзиниот живот била смртта на нејзиниот татко, кој починал од срцев удар пред три години. Тој починал на 75 годишна возраст.

„Имаше моменти кога го допрев дното, кога мислев дека нема да преживеам уште еден ден. Кога го изгубив мојот татко, тоа ми беше најголемиот губиток во животот. Најлошо е кога сѐ ќе се распадне и се трудиш повторно сѐ да составиш“, отворено признава Никол.