Кидман го бакна колегата пред својот сопруг, па поштено се посрами во својот говор


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Славната актерка Никол Кидман најпрвин сите во салата ги изненади кога го бакна својот колега во уста, пред очите на својот сопруг, а потоа прописно се посрамоти за време на говорот после примањето на наградата за најдобра актерка во главна улога на вчерашното доделување на Emmy наградите.

Кидман му честиташе на колегата од серијата Big Little Lies, Александар Скарсгард, за наградата за најдобар актер во споредна улога бакнувајќи го во уста додека нејзиниот сопруг Кит Урбан мирно стоеше зад неа.

Во серијата Big Little Lies, која го следи животот на три мајки од Калифорнија, покрај Никол Кидман глумат Рис Витерспун и Шајлин Вудли. Врската помеѓу ликовите кои ги глумат Кидман и Скарсгард е насилна и е говори за семејното насилство, кое актерката го истакна во својот говор.

Никол, исто така, им се заблагодари на сопругот и децата за поддршката. „Имам големо уметничко семејство кое ми пружа поддршка низ сите мои подеми и падови. Ми бевте верни и благодарна сум ви за тоа. Имам две девојчиња – Сани и Фејт. И драгиот Кит кој ми помагаше во уметничката кариера. Поднесоа многу жртви поради тоа. Затоа, оваа награда е нивна. Сакам моите девојчиња да ја имаат на своите полици и да знаат дека поради неа не ги покривав и заспивав навечр во кревет“, порача Кидман.

Но, многумина веднаш бескомпромисно забележаа и посочија дека Кидман ги „заборави“ двете деца – Изабела (24) и Конор (22) – кои ги посвои додека беше во брак со Том Круз. Секако, тоа не можеше да помине незабележано на Твитер, каде Кидман беше мета на многу критики поради тој (се надеваме ненамерен) пропуст.