Кидман до Фалон: Можеше да го има мојот број и можеше да ме имаш мене, не се преправај!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Австралиската актерка Никол Кидман гостуваше во последното издание од Tonight Show со Џими Фалон, а врвот се случи кога една од своевремено најубавите и најпосакувани жени на светот го потсети Фалон дека „пропуштил добра шанса кај неа“.

Ова не е прв пат Кидман и Фалон да имаат „непријатни“ моменти за време на емисијата. Во изданието на Tonight Show од 2015 кога Кидман беше гостинка, таа на водителот му откри дека всушност била заинтересирана за него кога пред многу години ги запознал нивниот заеднички пријател и неа ја одвел во станот на Фалон. Џими тогаш не ја сфатил нејзината намера и сето тоа пропаднало во заборав додека Кидман не се појави во неговото познато шоу пред една година.

Емисијата од 2015 година.

Оваа недела тој повторно беше домаќин на Кидман во студиото кога таа го потсети на уште еден момент кој Фалон наводно го имал заборавено. Имено, за време на забавата во куќата од режисерот Дејвид Финчер таа од Џими очекувала некаков потег, барем да го побара нејзиниот број.

„Тоа беше одамна, уште кога Бред Пит и Џенифер Анистон беа заедно (меѓу 2000 и 2005). Можеше да го добиеш мојот број бидејќи тоа тогаш беше некој вид на втора рунда. И повторно киксна. Знаеш дека тоа е вистина и немој да се преправаш“, му рече Кидман која во емисијата го повика и својот сопруг Кит Урбан.