Home Актуелно Кичевско гори – човекот главен виновник и фактор за предизвикување на пожарите

Кичевско гори – човекот главен виновник и фактор за предизвикување на пожарите

За неколкуте сè уште активни пожари на територијата на општина Кичево кои го зафатија тој регион деновиве главен виновник и фактор е човекот.

На страната на селото Попојани и шумските подрачја кои се поврзуваат со селото Строгомишта денеска избувна пожар, кој предизвика големи материјални и еколошки штети, а исто така и во селото Вранештица се гледа како горат дрвја

„Според првичните информации што ги поседуваме човечки фактор е причина за појава на пожарите. Затоа апелираме до граѓаните да не палат оган на полиња и на отворен простор. Од такви места огнот се шири низ многу делови и продира на највисоките планински површини“, се наведува во соопштението на општината.

„Ги поттикнуваме граѓаните да ја зголемат грижата за несоодветни акции и да ја зголемат својата совест, бидејќи негативните последици нè повредуваат сите нас.

Пожарникарите цело време работат на терен за да ги изгаснат пожарите, но нивниот капацитет не е голем, со оглед на регионот што го покриваат, се вели во апелот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…