Кичевец ја обљубувал својата ќерка со ментална попреченост


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еден кичевец е приведен, откако неговата ќерка го пријавила дека повеќекратно вршел обљуба над неа.

Имено, во вторникот, во 12 часот во полициска станица Кичево, 24-годишно женско лице од село во Општина Пласница, пријавила дека во нивниот дом во последните два месеци, а последен пат на 16.01.2017 година околу 6,40 часот, од страна на нејзиниот 55-годишен татко и било извршена обљуба.

Увид на местото на настанот извршила екипа од НК КР Кичево. Бидејќи лицето било со умерена ментална попреченост, известен бил Центар за социјални работи-Кичево и извршен е разговор со истата по што била однесена на гинеколошки преглед во болницата во Кичево.

Осомничениот е лишен од слобода и против истиот по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.