Киану Ривс: Можеби уште сум во брак со Винона Рајдер


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Славниот холивудски актер Киану Ривс во интервју за Esquire изјави дека „можеби сè уште е во брак со актерката Винона Рајдер“.

„Ја изведовме целата свадбена церемонија со вистински свештеник. Винона вели дека сме во брак. Френсис Форд Копола вели дека сме. Значи, претпоставувам дека сме венчани пред Бога”, рекол 57-годишниот актер.

Имено, пред неколку години, актерката ги изненади обожавателите кога изјави дека таа и Ривс можеби случајно се венчале на вистинската церемонија додека го снимале филмот Дракула од 1992 година, во режија на Френсис Форд Копола.

„Навистина се венчавме во Дракула. ​​Не, се колнам во Бога, мислам дека се венчавме во реалниот живот. Во таа сцена, Френсис користеше вистински свештеник. Значи мислам дека сме во брак”, изјави Винона за Entertainment Weekly во август 2018. Откако сфатила дека Ривс може да ѝ биде сопруг (барем во Романија), почнала да го нарекува „мажу“ во разговор.

„Одвреме-навреме ја добивам пораката „Здраво, мажу.“ Не ѝ верував баш, а потоа Френсис Форд Копола, режисерот на Дракула, јавно рече: „Да, навистина се случи, свештеникот одржа правилна церемонија.’ Винона и јас се венчавме“, рече актерот.

Копола ја потврдил теоријата на актерката, велејќи за Гардијан дека свештеникот извршил „прилично автентична“ церемонија.

„Значи, на некој начин, кога го завршивме снимањето, сфативме дека Киану и Винона навистина се венчаа како резултат на оваа сцена“, рече тој во август 2018 година.

Во продолжение на интервјуто, актерот се осврнал и на соработката со актерката Сандра Булок, со која глумел во филмовите Speed ​​и The Lake House.

„Таа е толку прекрасен уметник и личност. Мислам дека имаме добра хемија и би било навистина возбудливо и интересно да се добие шанса повторно да глумам со неа“, рече Киану.