Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По едногодишно отсуство од јавноста, славниот холивудски актерот Кевин Спејси се врати на социјалните мрежи со едноминутна видео честитка за Божиќ во стилот на филмот „Куќа од карти“ во кој го играше, бескрупулозниот американски демократски претседател Френк Андервуд.
Во видеото наречено едноставно KTWK, актерот, кој се соочува со бројни обвиненија за сексуален напад врз момчиња, поради што беше отстранет од големите и малите екрани, пали оган во огништето, вели дека не може да ја пропушти можноста да им посака на сите Среќен Божиќ.
„Додека влегуваме во 2020 година, сакам да гласам за повеќе добрина во светот“, вели Спејси.
„Ах да, знам што мислите. Дали тој навистина го мисли тоа? Јас сум смртно сериозен. И не е толку тешко, верувајте ми”.
Актерот потоа советува: „Следниот пат кога некој ќе стори нешто што не ти се допаѓа, може да го нападнеш. Но, исто така може да се воздржиш и да направиш нешто неочекувано. Можеш да го убиеш со љубезност“. Видеото завршува со злобна музика, при што актерот агресивно пали оган во огништето.
Спејси е гонет под обвинение за злоупотреба. Обвинителството изгуби еден случај затоа што наводната жртва починала, а друга станала недостапна.