Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Меколи Калкин на 38-годишна возраст повторно се појави во неговата култна улога на Кевин од незаборавната божиќна и новогодишна комедија „Сам дома“.
Поводот за тоа е римејкот на некои од најпопуларните и најзабавни сцени од познатиот филм од 1990 година во реклама на Google за уредите Google Assistant – Home Mini, Home Hub и смартфонот Pixel.
Во видеото се гледа дека Кевин уште умее да ужива во времето кога е сам дома, но со годините забавата малку се променила.
Плаќањето на испораката за пица се случува далечински, афтершејвот веќе не го трауматизира и иако скокањето на креветот се уште му се допаѓа, веќе размислува за перење потоа.