Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Енди Керол е едно од најголемите промашувања во поновата историја на Ливерпул, откако во 2011 година пристигна на „Енфилд“ и стана најскап Британец.
„Црвените“ за неговиот потпис платија повеќе од 40 милиони евра, но Керол не се снајде баш најдобро и неславно ја заврши авантурата на „Енфилд“.
Керол за англисите медиуми приза дека тој трансфер дошол како гром од ведро небро за него па откри некои занимливости од тој период.
„Со хеликоптер патував за Ливерпул и морав на гугл да барам кои фудбалери играат за „црвените“. Потпишував за Ливерпул и не знаев кои ќе ми бидат соиграчи! Го знаев Стиви и некои други, но не ги знаев сите“, изјави Керол.
Англичанецот потоа појасни дека не гледа фудбал и дека многу од фудбалерите од Премиер лигата и денес не ги знае.
„Кога соиграчите од Вест Хем разговараат за некој играч. јас се чудам: За кого зборуваат?Понекогаш менаџерот на табла ќе го објави противничкиот тим и јас се прашувам: Кој е овој централен дефанзивец или од каде е? Сите во Вест Хем мислат дека сум чуден”, објаснува Керол.