
Цеца и Анастасија секогаш се тука една за друга
Цеца и Анастасија Ражнатовиќ имаат многу близок однос, како најдобри пријателки. Откако Таса се пресели во Севилја, тие две се во постојан контакт.
– Најмногу ми недостасува мама, ние сме многу поврзани. Како најдобри другарки сме и сè што ќе ми се случи, прво неа ја известувам. Постојано сме на видео повик – открила Анастасија своевремено, која тргна по стапките на својата мајка и се обиде во музичката кариера. Прво, нејзиното мислење го побарала.
– Кога мене ќерка ми ме праша дали да се занимава со овој занает, ѝ реков дека не постои ништо поубаво, но растеше покрај жена која го работи тоа. Тоа значи непреспани ноќи и патувања кои се прекрасни, но и мошне напорни.
Поинаков ритам и биоритам. Таа растеше гледајќи го сето тоа, а во суштина, да се занимаваш со музика е најубавото нешто што можеш да го имаш. А кога ќе успееш да имаш хитови низ кариерата и љубов од публиката, тоа е најголемата награда – изјавила во едно интервју за Блиц Цеца, која сега е пресреќна поради новата песна што Анастасија ја сними со Елена Кариќ во мај 2024 година, па јавно ѝ честиташе на социјалните мрежи.