Ќерката од Брус Ли лута на Тарантино – еве ја причината за тоа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Шенон Ли, ќерката на култната карате и филмска легенда од светот на боречките спортови, Брус Ли, има големи забелешки и замерки за тоа како е прикажан нејзиниот татко во најновиот филм на култниот режисер Квентин Тарантино, „Once Upon A Time In Hollywood“.

Иако кај критичарите и публиката помина одлично, „Once Upon A Time In Hollywood“ од Квентин Тарантино воопшто не ја импресионираше и воодушеви, туку напротив, ја изреволтира, ќерката од Брус Ли.

Мајк Моу го игра легендарниот мајстор во боречки вештини во филмот на Тарантино, а во него има сцена со борба меѓу Ли и Клиф Бут, ликот на каскадерот што го глуми Бред Пит.

На Кристина Ли не ѝ се допаѓа начинот на кој нејзиниот татко е прикажан во таа сцена, особено идејата дека нејзиниот татко – кој во реалноста се обидувал да избегнува тепачки – би предизвикал некого на тепачка.

„Беше навистина непријатно да се седне во кино и да се слушаат луѓето како му се смеат на татко ми“, вели таа за веб-страницата Рап. „Тој излегува арогантен шупак што многу зборува, а не кажува ништо“. Таа додава дека вистинскиот Брус Ли, како азиски Американец во Холивуд во 1960-тите морал да работи многу понапорно од луѓето како белите протагонисти во филмот на Тарантино за да биде сериозно сфатен.

„Можам да го разберам целото тоа расудување зад она што е прикажано во филмот. Разбирам дека двата лика се антихерои и дека ова е некој вид бесна фантазија на она што би се случило… и дека тие прикажуваат еден временски период во кој јасно имаше многу расизам и исклученост“, продолжува таа. „Но не требаше да го третираат (Ли) на начинот на кој тоа го правеше белиот Холивуд кога тој беше жив“.

Метју Поли, експерт за Брус Ли, се согласува со неа и додава: „Со оглед на тоа колку е симпатично Тарантиновото портретирање на Стив МекКвин, Џеј Себринг и Шерон Тејт, изненаден сум што тој не му пристапил со истата учтивост на Ли, единствениот небел лик во филмот“.