Ќерката на Силвестер Сталоне е вистинска „фем фатал“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Средната по возраст од трите ќерки на холивудската актерска легенда Силвестер Сталоне, фаталната Систин, е прекрасна убавица која кога и да се појави на црвениот тепих на формалните случувања од светот на шоубизнисот, ги фрла во сенка оние кои дефилираат со неа.

Младата Систин овој непобитен факт уште еднаш го покажа „на терен“ на црвениот тепих во Кан, каде се појави во друштво на родителите, пред проекцијата на реставрираниот филм „Rambo“.