Ќерката на Мајкл Џексон со една „бизарна“ фотка предизвика револт кај обожавателите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Парис Џексон му оддаде почит на својот покоен татко Мајкл Џексон со фотографија на Твитер уредена во Фотошоп, на која таа како 20-годишна девојка, стои во прегратка помеѓу својот татко и мајката Деби Роу.

Иако фотографијата изгледа како портрет на среќно семејство, ваквата сцена реално не е можна, бидејќи кралот на поп музиката почина додека Парис уште беше дете, а со нејзината мајка водеше правна битка околу старателството.

Фотографијата наиде на голем број негативни коментари од кои некои ја нарекоа бизарна. Но, ќерката на покојната музичка легенда брзо одговори на „злите јазици“ во објава која ги трогна многумина.

„Мислам дека е во ред да сонуваш за тоа колку би било убаво да имаш родители, па дури и ако тоа е средувана фотографија во која можеш да гледаш“, напиша Парис.

Сепак, голем број обожаватели застанаа на нејзина страна со коментари дека разбираат што проживува и дека фотографијата е прекрасна.