
Домот на Мадлена и Филип Цептер е вила вредна милиони
Домот на Мадлена и Филип Цептер е луксузна вила во Белград во поголемиот дел од годината, а за летниот период нивниот дом е во Монако.
Брачниот пар, поради деловните ангажмани, живее на две адреси, а изгледа дека тоа воопшто не им пречи. Напротив, овој начин на живот го прифати и нивната ќерка Ема, која привлекува големо внимание на социјалните мрежи.
Во последно време, нејзиниот профил забележува значителен пораст на следбеници, а сето тоа благодарение на нејзината одлука да го покаже семејниот дом.
Неколку пати, Ема се пофали со раскошниот салон во кој доминира клавирот, покажа како изгледаат импресивните скали кои го красат домот на Мадлена и Филип Цептер, но и внатрешниот и надворешниот базен, луксузната ограда, како и спалната соба со гардеробер преполн со брендирана облека.
Сè што има и што е денес, наследничката на богатата фамилија им го должи на своите родители, а особено не крие дека е горда на својот татко:
„Малку е да се каже дека сум горда. Пред 38 години, се создадоа темелите на она што подоцна ќе се развие во исклучително успешно претпријатие.“
„Иако ‘успешно претпријатие’ е моќен поим, јас би сакала да му дадам уште пошироко значење – значење со кое живееме секој ден, а тоа сме ние… нашиот животен стил.“
„Животниот стил што мојот татко, Филип Цептер, го сонувал, го замислувал, го целел и го постигнал. Визијата требаше да ѝ овозможи на глобалната популација да, како што сите знаеме, ‘живее подобро, живее подолго’.“
„Едноставен, но неопходен елемент за сите нас, за да триумфираме во нашиот начин на живот“ – изјави претходно Ема.