Керим и Станисављева на распит во СЈО за распадот на Медиа Принт Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бившите први луѓе на Медиа Принт Македонија, која во своја сопственост ги имаше денес згаснатите весници Дневни, Утрински и Вест, Срѓан Керим и Јана Станисављева, беа на распит во Специјалното јавно обвинителство за распадот на споменатата компанија.

Според дел од македонските медиуми двајцата се сомничат за лажен стечај, како и за злоупотреба на службената положба. СЈО овој случај го презеде откако утврди дека има надлежност која потекнува од прислушуваните разговори.

„Ќе кажеме сѐ кога ќе дојде време”, изјави Срѓан Керим, управител на МПМ, по распитиот во СЈО, каде се задржа околу половина час. Тој не сакаше да коментира зошто е во СЈО и дали се чувствува одговорен за распадот не МПМ.

Претходно на распит во обвинителството беше и директорката на МПМ, Јана Станисављева. И таа си замина од специјалното обвинителство по половина час. Не сакаше да каже за што е повикана за даде исказ и ги игнорираше новинарските екипи. И двајцата ги застапува адвокатот Антонио Апостолски

Станисављева и Срѓан Керим се повикани во СЈО да дадат исказ во рамки на истрагата што ја води обвинителството за финансиски злоупотреби на првите луѓе на компанијата, во чија сопственост беа весниците „Дневник“, „Вест“ и „Утрински“ и коишто згаснаа поради финансиска криза.

Како што се дознава, двајцата се осмничиени за кривичните дела лажен стечај, злоупотреби на средства на доверители поврзани со работата на МПМ, како и за злоупотреба на службена положба.

Од СЈО не даваат никаква официјална информацијата бидејќи станува збор за истражна постапка во која се осомничени водечките луѓе на МПМ.

Постапка за финансиските злоупотреби во МПМ отвори ОЈО Скопје, откако кривична пријава поднесе Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија. Надлежноста за испитување на евентуален економски криминал ја презеде СЈО бидејќи потекнува од прислушуваните разговори.

Oбвинителството ги проверувало финансиските исплати во време кога весниците згаснуваа поради финансиска криза, а сомнежите се проверуваа преку Одделението за компјутерски криминал во МВР.

Истражители на СЈО минатата година влегоа во просториите на МПМ, чиј сопственик до пред истрагата беше Графички центар Скопје , кој беше во сопственост на Орка Холдинг на Орце Камчев.