Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Деветнаесетгодишниот Џошуа Хајден се здоби со скршеница на вилицата додека со својот брат биле во лов во Западна Австралија.
Тој низ прозорот забележал кенгур и се обидел да го застрела, но кенгурот побегнал. Момчето тогаш се свртело да нишани други два кенгури, но првиот кенгур се вратил и го нападнал.
Хајден раскажува дека околу 30 секунди лежел без свест и дека кога се разбудил мислел дека го удрил неговиот брат.
„Кенгурот прво удри во автомобилот и го скрши стаклото. Тогаш се врати кај мене и ме удри право во вилицата“, изјави тој.
Момчето веднаш се упатило во болница, каде што му рекле дека треба да почека десетина дена за да му спадне отокот, па после да го прават операција.
Браќата раскажуваат дека често одат во лов на кенгури, а ова е прв пат да бидат нападнати.