Кембриџ: Не држи муабетот „глуп си како овца“ – попаметни се отколку што мислите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овците се далеку попаметни отколку што мислиме и неправедно ги стигматизираме како животни, бидејќи имаат една способност за која нема да ви се верува оти ја поседуваат, порачуваат научниците од Кембриџ.

Овците можат да препознаваат човечки лица кои веќе ги гледале на фотографии и побрзо ќе одберат фотографија од некој познат лик, отколку непознато лице, покажа истражувањето на научниците од британски Кембриџ.

Направените истражувања покажале дека овците можат да препознаат други припадници на сопствениот вид и луѓе кои ги познаваат, како својот овчар, без било какви претходни вежби и подготовки. Но, британските научници успеале да ги истренираат покажувајќи им фотографии лица на компјутерски монитори.

На една страна имало непознато лице, а на другата четири познати лица. Овцата добивала храна како награда ако со својата муцка одбере славна личност прекинувајќи ги инфрацрвените зраци пред одреден монитор, кои ја ослободуваат храната.

Научниците успеале да ги истренираат покажувајќи им фотографии од ликовите на поранешниот претседател Барак Обама, актерот Џејк Гиленхал, актерката Ема Вотсон и новинарката од ВВС Фионе Брус. После вежбите, овците многу почесто одбирале фотографии на славни ликови отколку оние од непознати лица. Тоа е доказ дека овците имаат слични способности за препознавање на ликови исто како и приматите, велат научниците.

Утврдувањето дека овците успешно препознаваат лица од фотографии, научниците им поставија нова задача. Сакаа да дознаат дали можат да ги препознаат истите познати личности на фотографии прикажани од различни агли. И одговорот на овој предизвик бил позитивен.

Водачот на ова истражување, професорката Џени Мортон, објасни дека „таа и колегите се обиделе да утврдат дали животното е способно да обработува дводимензионални објекти како личности“. Научниците истакнуваат дека ова истражување на способностите на овците да препознаваат лица може да биде значајно за истражувањето на Хантингтоновата болест и други пореметувања на човечкиот мозок.