Келнер силувал Aмериканка во центарот на Дубровник


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


49-годишниот келнер од по потекло од Требиње, Босна и Херцеговина, силувал 20-годишна Американка во центарот на Дубровник.

Ужасниот инцидент ја потресе хрватската јавност во екот на туристичката сезона. Силувачот во меѓувреме е упасен и против него е покрената судска постапка поради основано сомнение за силување на 20-годишната девојка.

-Казненото дело силување е извршено во раните утрински часови на 12 јуни, недалеку од жичарницата и историскиот центар на градот, на верандата на пицерија, каде келнерот извршил насилен сексуален однос со млада Американка без нејзина согласност, што таа потоа го пријавила во полиција Потоа, истражниот судија покрена итна истрага и веднаш го сослуша ученикот кој требаше да патува понатаму – изјави за Дубровник хералд портпаролот на Жупанискиот суд, судијата Перо Милоглав.

На келнерот од Требиње изречена му е мерка притвор од 30 дена поради опасност од бегство. Тој освен за силување се сомничи и за кражба бидејќи по грозоморниот чин, на девојката и го зел паричникот и две банкарски картички.