Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со трите одделни вечерни концерти на Kekko Fornarelli Trio од Италија синоќа на камерната сцена во Домот на културата „Марко Цепенков“, Fierce и Владимир Четкар на отворената летна сцена на Домот на Културата, во Прилеп започна 7-от по ред интернационален „Прилеп џез викенд“.
Фестивалот, во три одделни концертни вечери, ќе трае до сабота и ќе понуди богата програма и врвна џез музика на гостите од Грција, Германија, Србија и Македонија.
Програмата е комбинација на медитеранскиот, врвен балкански и македонски џез. Вечер, публиката ќе може да ужива во настапите на Јордан Костов и „Шангај Интенс“, на „Палете Ансамблот“, односно „Сократис Воцкос Квартет“, а вечерта ќе ја затвори бендот на Васил Хаџиманов.
Последниот фестивалски ден, сабота, е резервиран за Јаков Дренковски, французите „Ле Бал Пури“ и српската група „Деца Лоших Музичара“.
Фото: Александар Еленин