Кејт Винслет откри зошто никогаш не се „сплетка“ со Леонардо ДиКаприо


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од култниот филмски хит „Титаник“ поминаа 20 години, а многу обожаватели и понатаму навиваат за романса на Леонардо ДиКаприо и Кејт Винслет и во реалниот живот, понесени од онаа која ја одглумија во споменатиот холивудски блокбастер.

Но, за разлика од Џек и Роуз на Титаник, во реалноста тие двајца отсекогаш се само одлични пријатели, а Кејт Винслет, која во четвртокот го прослави својот 42 роденден, сега откри и зошто никогаш љубовно не се „сплектале“ со Лео.

„И двајцата бевме многу млади. За среќа, никогаш не си се допаднавме еден на друг. Знам дека тоа е иритантно да се чуе“, изјави актерката во едно неодамнешно интервју.

Таа додаде дека поради тоа секогаш можеле да се задеваат, а со тек на време станале одлични пријатели, што неодамна го докажаа и со заедничкото појавување во Сен Тропе. Секако, на социјалните мрежи некои и понатаму навиваат за реално остварување на оваа романса.

Сакаш да играш онлајн казино? На Casinobonus.mk провери кои онлајн казина нудат најдобри услови за уплата и исплата и најдобри бонуси.