Кејт Мидлтон за топлес фотките ќе лапне 100.000 евра од Closer


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Францускиот суд пресуди дека забавното списание Closer треба да им плати отштета од 100.000 евра на војводата и војводката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, за објавувањето на фотографии, на кои се гледа како идната британска кралица се сонча во топлес.

Снимките биле направени уште во септември 2012 година, додека Вилијам и Кејт беа на одмор во една приватна вила во француската област Прованса.

Според пресудата, весникот кој излегува и во Велика Британија, на англиски јазик, со објавувањето на спорните фотографии ја повредил приватноста на војводката, но и на нејзниниот сопруг, па редакцијата на француското издание сега ќе мора на двајцата да им исплати отштета од по 50.000 евра.

Казната од 100.000 евра е максималната, за таков вид престап според францускиот кривичен закон, но таа е далеку помала од отштетата што ја бараа адвокатите на Вилијам и на Кејт – од вкупно 1,6 милиони евра.

Случајот Closer пред пет години, предизвика голем публицитет посебно во британската јавност.

Принцот Вилијам гневно реагираше на појавувањето на фотографиите, иако тие се направени од голема далечина со телеобјектив, па се нејасни.

Најголемиот број од весниците во Велика Британија одбија да ги преобјават фотографите со Кејт во топлес, објаснувајќи го тоа со респектот кон Вилијам, кој ги обвинува папараците за трагичната смрт на неговата мајка, принцезата Дијана.

Вилијам затоа, сега не дозволува тие да ги снимаат неговата сопруга и нивните две деца.