Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Естетските („пластични“) операции не поминуваат секогаш како што треба и не ги даваат секогаш посакуваните резултати. Едноставно, доаѓа до грешки кои се неизбежни, а резултатите можат да бидат катастрофални.
Токму тоа го доживеала и блогерката Јулија Дебак, која во родната Русија е вистинска ѕвезда на социјалните мрежи. Своите фотографии после операцијата ги споделила со јавноста, пишува Her.
Таа откри дека еден силиконски имплант се уништил, па нејзините гради сега имаат сосема поразлична форма и се по малку деформирани.
Се оперирала пред 13 години во клиника во Москва, а на Инстаграм напиша дека сега мора да прави нова операција бидејќи никако поинаку не може да ја реши оваа ситуација. Додаде дека никој никогаш не ја известил дека ќе мора повторно да вградува импланти.
Очигледно првата операција била погрешно изведена, а тоа го потврди и рускиот хирург Максим Нестеренко, кој изјви дека имплантите се вградени на погрешен начин, над мускулите, а не под нив, како што е правилно.
„Ќе ги отстраниме старите и ќе вградиме нови под мускулите, ќе изгледаат одлично“, изјави лекарот. Јулија планира да ја тужи клиниката, иако од таму признале дека биле неодговорни и дека направиле грешка.