Ќе се мажи бомбастичната Ники Минаж – зетчето има дебело криминално досие


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бившата стриптизерка и актуелна хипхоп и r’n’b пејачка Ники Менаж реши да стапне на „лудиот камен“ и да се омажи за Кенет Пети. Пикантното е тоа што идниот зет има прилично дебело криминално досие и неколку години одлежани во затвор.

Популарната раперка уште минатиот месец ја потврди оваа вест за време на нејзиното гостување во една радио емисија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbie (@nickiminaj) on

„Добивме дозвола да се венчаме, мислам дека тоа е она што го сакавме – чиста среќа. Многу ми беше тешко да ја најдам оваа врска, а сега, кога ја имам, не сакам да ја загрозам поради никого”.

Ники и Кенет јавно ја откриле нивната врска кон крајот на минатата година, и веќе почнаа шпекулации за бременост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbie (@nickiminaj) on

Фановите на Ники не се задоволни со изборот на нејзиниот партнер поради големото криминално досие кое Кенет „си го има на грб“ – убиство и обид за силување.

Новото момче Ники бил четири години во затворот во Њујорк поради обид за силување. Наводно, тој нападнал малолетничка и се обидел да ја присили на сексуален однос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbie (@nickiminaj) on

Девојчето тогаш имало 16 години, а и Пети бил малолетник, па затоа добил помала казна. Кенет поминал и седум години затвор за убиство, а бил ослободен во 2013 година.