Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жизел Бундхен оваа година беше детронизирана од врвот на листата на Forbes со најплатени манекенки во светски рамки.
А „виновничката“ за таа детронизација е никој друг, туку риалити ѕвездата и модел Кендал Џенер, 22-годишната полусестра на Ким Кардашијан. Кендал во последните 12 месеци заработи околу 22 милиони долари, за разлика од 17,5 милиони колк што заработи Бундхен.
Џенер ја удвои својата заработка во однос на минатата 2016 годна, кога инкасираше „само“ 10 милиони долари.
Трета е Криси Тајген со 13,5 милиони долари заработка, која на оваа листа се наоѓа за прв пат. Сестрите Џиџи и Бела Хадид се на петто, односно деветто место. Првата заработи 9,5 милиони, а втората 6 милиони долари.
На десетто место се најде плус-сајз моделот Ешли Греам, која во изминатите 12 месеци заработи 5,5 милиони долари.