Ќе се изненадите како овој сопственик на Тесла автомобил „копа“ биткоини

Тесла автомобил

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Биткоинот користи многу големо количество електрична енергија. Еден трансфер на биткоин се служи со електрична енергија што едно семејство троши за една недела. Бидејќи оваа криптовалута достигна неверојатни 10.000$, копачите на биткоини почнаа да бараат други извори на електрична енергија, за сметките на истата да се намалат. Овој сопственик на Тесла автомобил има интересен план.

Се работи за еден сопственик на Tesla Model S, во својот електричен автомобил изградил копач на криптовалути. Идејата за ова се појавила откако еден член на групата Tesla Owners Worlwide шегувајќи се предложил да се користи електричната енергија на автомобилот наместо обичната електрична струја.

Начин на кој може Тесла автомобил да копа биткоини

Многумина претходно предложиле, за копање на биткоини да се користи авто-пилотот на автомовилот од Тесла, кога е во мирување, но тоа може да е ризична одлука. Ризично е затоа што системот е потребен за напојување на некои важни безбедносни карактеристики во Тесла електричниот автомобил.

Вообичаено, копањето биткоини бара специјализирани компјутерски чипови или ASIC интегрирани кола. Од овој хардвер се бараат милионски повторувањ на математички проблеми за да може да се потврдат Биткоин-трансакциите на мрежата. Многу копачи низ светот имаат алтернативни извори на енергија за нивниот хардвер.„Во Кина, од каде најмногу се вршат овие операции, копачите користат многу евтина хидроенергија. Во Европа пак, бројот на мајнери е знатно помал. Најчесто како алтернативна енергија се користи енергијата на ветерот,“ објаснува Даниел Оберхаус.

Покрај тоа, на форумот на Тесла се појави уште еден член кој сака да изгради машина од графички картички и притоа да ја напојува со бесплатна енергија. Планот му е да ги поврзи графичките на батеријата од Тесла model S. На графичките картички ќе им биде потребна енергија од 2,8kW. Технички, планот ќе биде успешен доколку неговиот електричен автомобил влезе во проектот за бесплатно полнење. Во тој проект се одбираат најмногу Тесла model S и model X возила.

За оваа идеја постојат пофалби и критики, според Електрек, користење на таа мрежа за нешто друго освен напојување на Тесла автомобил не е етички. Исто така, напојувањето на хардверот за копање може да создаде топлина во внатрешноста на автомобилот. Тоа ќе ја зголеми потрошувачката на автомобилот, што е спротивно од намерата на Тесла. Всушност, напојувањето на хардверот во гепекот, за 1,5 дена ќе потроши енергија еквивалент на возење на автомобилот цела недела. Како и да е, ако оваа машина копа криптовалута како што е Етериум, таа ќе произведува 675$ месечно.