Ќе се игра самба на Бернабеу: Перез за 200 милиони почнува нова, бразилска ера во Реал!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Нешто „чудно“ се случува со Реал Мадрид и Флорентино Перез во последните години. Ја нема препознатливата трансфер политика кога „кралевите“ ги купуваа само најдобрите.

Поминаа повеќе од четири години кога Перез го доведе Хамес Родригез како најдобар фудбалер од Мундијалот кој беше хит на трансфер пазарот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека визијата на Перез за иднината на Реал Мадрид подразбира самба, и купување на млади бразилски таленти.

Уште минатото лето Реал ги помести границите кога плати 45 милиони евра за тогаш 16-годишниот Винисиус Жуниор. Ова лето откако наполни 18 години Бразилецот се пресели во Мадрид и моментално игра за Реал Б.

Додека се чекаше Винисиус да наполни 18 години, Реал ова лето со истиот рецепт и истите пари го купи Родриго Гоеса! Станува збор за 17-годишен напаѓач на Сантос кого го споредуваат со Робињо и Нејмар. Родриго остана во Бразил и наредното лето треба да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Но тоа не е се, Реал има сериозна намера да го купи и Педро Гилерме од Флуминенсе. Станува збор за 21-годишен напаѓач кој би трабало наскоро да дебитира за бразилската репрезентација. Тој е мета на многу европски гиганти, но „кралевите“ се најконкретни и веќе спремиле понуда од 25 милиони евра.

За крај, Перез е спремен да ја донесе и најголемата ѕвезда од бразилскиот шампионат во моментов, Лукас Пакета. Играчот на Фламенго е мета на многу европски гиганти како Милан и ПСЖ, но Реал Мадрид е спремен да ја активира откупната клзузула која изнесува 50 милиони евра.