Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Знаеме дека сите покреативни момци, со малку поиновативна фантазија, копнеат и сакаат да им приредат на своите понежни и поубави половини што пооригинално, поавтентично, поуникатно и понеповторливо запросување.
За таа цел, за моментот кога девојките треба да им го кажат судбоносното „да“, тие спремаат и организираат секакви „кореографии“ и сценографии. Од романтика, преку адреналин, до луди ситуации во кои целосно е избришана границата меѓу реалното и „режираното“.
Сепак, овој батка од видеото подолу, нормално – Русин, очигледно малку отповеќе ја претера со адреналинот и тензијата. Па, друже, девојчето не можеше да се собере некое време од тоа што ѝ го приреди. Требаше да мислиш на тоа дека, сепак, треба и да ти даде одговор на барањето за сопруга.
Во секој случај, братов е цар. А Русите…Русите не знаат за усул. Што и да прават – го прават „до даска“.