Ќе поседи подолго: Илина замина на стипендирани докторски во Америка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Популарната македонска планинарка, алпинистка и уметница Илина Арсова (40) од неодамна престојува во Тенеси, Америка, каде ќе остане подолг период.

Причината за заминувањето не е искачувањето на нов планински врв или сличен предизвик, туку како што појаснува таа, започнала да работи како професорка на Универзитетот Тенеси, од каде добила и стипендија за докторски студии.

-За сите пријатели и фанови праќам мал поздрав од Ноксвил, Тенеси. До сега не стигнав официјално да споделам дека добив престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот од Тенеси. Оваа одлука не беше лесна во поглед на љубовта и фамилијата која ми недостига во секој миг, сепак овој мој нов Монт Еверест, долго беше на листата па еве му дојде редот. Искрено им благодарам на најблиските и мојот драг Игор Џамбазов за целата поддршка во овој момент, новите почетоци никогаш не се лесни. Знаењето е нашето најголемо богатство, па никогаш не престанувајте да учите- порача Арсова.

Околу тоа колку долго ќе остане во Америка, Арсова не сподели детали. Во меѓувреме, Џамбазов е доста активен кога се настапите во прашање, и изминатиот период гостуваше во многу локали, како и на повеќе општински манифестации.