Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Прогласување на епидемија, ограничување на времето, формирање карантин…
Ден за ден расте бројот на инфецирани лица од корона вирусот, како и во светот така и кај нас. Вирусот почна да не освестува, а ситуацијата станува се посериозна, почнува да владее страв. На сред оваа огниште што го опфати светот и мојата држава, жариштето се најде токму тука Дебар ,мојот роден град, малиот Дебар во кои израснав, градот во кои постана карантин денови наназад.
Карантинот го промени како градот така и граѓаните во него, стравот и тишината кај луѓето преминаа во стрес и болка, но затоа само надежта останува заедно со нас. Ќе ја пребродиме ситуацијава доколку ги почитуваме препораките на Министерството за здраство и докторите.
Градовите се празни, светот застана, ги нема секојдневните навики, ги нема другарите, пријателите, роднините да ги стретнеш да поразговараш како и обично, ги нема секојденвните попладневни кафиња, нема луѓе. Градовите се “мртви” тоа што го имавме го немаме, гледам само растрчани граѓани одат да си обезбедаат намирници, лекови, заштитни средства, градовите го изгубија секојденвието и повторно ќе кажам светот застана.
И додека овој вирус трае јас пишувам, размислувам и се надевам дека ова ќе заврши набргу. Ете можеби добивме некои искуства и научивме дека Кина ја победи третата светска биолошка војна, докторите се од поголема вредност отколку фудбалерите, дека богатите не се поимуни од сиромашните, нафтата нема вредност кога не се користи, луѓето во карантин се чувствуваат како животните во кафезите, земјата подобро дише кога луѓето седат дома. Научивме дека сите можеме без брза храна, дека и мажите знааат да готваат, одржувањето на хигиената не е толку тешко, многу луѓе можаат да работаат од дома, тоа дека глобалната економија е во ризик кога луѓето само купуваат, а ништо не придонесуваат.
Сега сме по дома и имаме доволно време да размислиме за вредноистите на сите поедниечни работи за вредноста на родителите за тоа тие колку ни значаат, се надевам дека секој од нас ќе си добие некакво искуство и лекција во животот од ова што ни се случува и тоа дека љубовта почита, хуманоста, емпатијата ќе ни бидаат на повисоко ниво.
Елхаме Абазовска
Студент на Институтот за семејни студии, Филозофски факултет